ПОЛУВРЕМЕ: Бледа Македонија, Украина со предност од 2:0

301

И не е проблемот што Украина води со 2:0 на полувремето против Македонија, проблемот е што нашата селекција е во едно бледо издание.

А, тоа Украина го искористи и со брзи два гола на Јармоленко во 29. минута и на Јеремчук во 33. минута, и да има добро водство. Треба да се биде реален и да се признае дека многу проблеми на одбраната на Македонија правеше Украина и порано, и само Димитриевски спаси да не дојде водството на противникот уште порано.

По почетните минути во „грч“ во 8. минута Малиновски се закани, но одбрани Димитриевски, а потоа закана и на Јармоленко, и одбрана на Димитриевски.

После тоа некако успеавме да воспоставиме рамнотежа, но дојдоа головите на Украина. По изведен корнер првиот, и по супер акција вториот. Пандев даде гол со лоб, но оправдано поништен поради офсајд.

Ни треба сега брз гол во вториот дел да ги вратиме надежите. Во спротивно со ваква игра тешко дека ќе го избегнеме најлошото.

ФОТО: Димитар Петковски

Еве како изгледаше и статистиката на полувремето:

ПретходноУКРАИНА – МАКЕДОНИЈА 2:0: Голема негатива, брзи два гола – погодија Јармоленко и Јеремчук (ВИДЕО)
СледноНадал ги шокираше фановите, донесе одлука за да ја спаси кариерата