Со прозивката, а потоа и со првиот тренинг, вчера и Работнички тргна со подготовките. Прво спортскиот директор Горан Станковски им се обрати на играчите, а потоа и тренерот Александар Влахо им го кажа планот на подготовките и што се очекува од нив.
Работнички првиот дел ќе го одработи во клупската база во Градскиот парк, а потоа ќе се интензивираат подготовките и ќе се играат пријателски мечеви. Засега нови имиња се Бојан Илиески, Анес Османовски и Дејан Тантуровски. Има и двајца Африканци кои се на проба.