Сергеј Самсоненко нов член на УО на МОК

4478

На 36 дена пред почетокот на ОИ ТОКИО 2020 (23 Јуни – 8 Август 2021 година) во СЦ “Јане Сандански”, кој е нов дом на МОК, се одржа редовното Собрание.

На почетокот на Собранието, претседателот на МОК, Даниел Димевски изрази голема благодараност до потпретседателот на МОК, Димитар Костадинов како и до Сергеј Самсоненко, кој е нов член на УО на МОК, за реализација на партнерскиот договор со кој МОК се здоби со правото на користење на спортскиот објект.

Димевски изрази задоволство од двете “А” Олимписки норми со кои Дејан Георгиевски и Магомедгаджи Нуров се сериозни кандидати за освојување на Олимписки медал во Токио, одбојкарите и фудбалерите се пласираа на Европското првенство, тука се и ракометарите, но и другите спортови бележат нагорен успех на меѓународен спортски план.

Беа презентирани договорите со полскиот и шпанскиот олимписки комитет, а посебно беше поздравена информацијата дека МОК, во 2022 година ќе биде домаќин на Генералното Собрание на Европските олимписки комитети. Лазар Нанев беше избран за претседател, а проф. д-р Гордана Лажетиќ за потпретседател на спортско арбитражниот суд на ОКСМ.

На ова Собрание беше презентиран деловникот за работа како и новиот статут со кој се регулираат правата и обврските на олимписките Национални спортски федерации кои секогаш ќе го имат мнозинството во Собранието и во Управниот одбор на МОК, а се зголемија и ингеренциите на спортско Арбитражниот суд на МОК со кои во иднина ќе се спречат двојните раководства во националните спортски федерации и споровите меѓу спортистите и спортските клубови. Новиот статут на МОК со кој ќе се унапреди комуникацијата, консултацијата, координацијата и соработката со НСФ-ии беше изгласан едногласно.

Согласно новиот Статут избрани се четири потпретседатели и тоа Цветанка Макаровски, Димитар Костадинов, Шабан Сеидиу и Перо Антиќ.

За членови на УО на МОК едногласно беа избрани Даниел Димевски-претседател, Сергеј Самсоненко, Нина Балабан, Тони Стојановски (Стопанска Банка), Љупчо Васовски (Тинекс), Петар Денковски (ВЕРО), Мухамед Зекири, Васко Ковачевски (ЕСМ), Емил Стоименов (Канал 5), Вања Туџаров (РЕПЛЕК), Ленче Алексовска-Величковска, како и Националните спортски федерации од спортовите фудбал, ракомет, одбојка, скијање, таеквондо, пливање, гимнастика, триатлон, кајак, голф, мечување и спортско качување кои го имаат мнозинството на гласови во УО на МОК.

ПретходноОдново со многу емоции – “Денес над Македонија се раѓа…“ (ВИДЕО)
СледноУКРАИНА – МАКЕДОНИЈА 2:0: Голема негатива, брзи два гола – погодија Јармоленко и Јеремчук (ВИДЕО)