Спортмедиа анализа – Артим Шаќири: Зошто чекавме во првото полувреме?

2049

Артим Шаќири, нашиот славен репрезентативец, еден од најдобрите фудбалери во историјата на самостојна Македонија, специјално за читателите направи сеопфатна анализа за натпреварот со Украина. Меч кој за жал го загубивме.

Штета, мислам дека можеше да извлечеме подобар резултат од тие 1:2. Првиот дел искрено не ми се допадна, не дека бепше толку лошо, но сметам дека не требаше да чекаме. Моравме уште од стартот на мечот да играме како што знаеме. Украина токму во тој дел веројатно ја доби победата. Во тој период не функционираше наша пас – игра, не делувавме компактно, не знам, тоа не е вистинскската слика на оваа репрезентација“ ја започна анализата Шаќири.

МНОГУ ПОДОБРО ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ

И тој, како и сите ние се сложува дека второто полувреме беше сосема добро, на моменти и одлично.

Мислам дека замените вродија со плод. Рано дадовме гол, имавме и повеќе шанси, но ете на крајот загубивме. Се виде и дефинитивно дека Ристовски мора да игра десен бек, со него по десната страна малку ја `ослободуваме` левата. Во првиот дел по таа наша десна страна никаде не немаше. Исто така сметам дека Трајковски мораше да го започне мечот. Се виде и со Австрија дека тој е во форма. Но сега ова не може да се врати назад. Исто така сметам дека во финишот моравме да тргнеме ултраофанзивно, со сите сили, па макар примиле и трет гол. Да, вистина е дека напаѓавме, дека имавме шанси, но мораше тоа да биде уште поофанзивно“.

НЕМА ПОТРЕБА ОД РАЗОЧАРУВАЊЕ

Сега следува последниот меч од групната фаза, и тоа во Амстердам против Холандија.

Тука ја гледам нашата шанса за добар резултат. И низ историјата покажавме дека можеме да играме со Холандија. Сега треба дечките да се одморат, да соберат сили и во Амстердам да одиграат најдобро што можат. Видете, не треба да има разочарување, ние направивме и со пласманот на ова ЕУРО голем, фантастичен успех. Недостига тоа наше искуство од играње на вакви големи натпреварување, тоа само по себе си доаѓа. Имаме храброст, имаме игра, имаме добра генерација, добри играчи и против Холандија треба да одиме на победа. Тоа е мој совет. Секако дека им честитам на момците за борбеноста, залагањето, им посакувам на мечот со Холандија многу среќа и да се надеваме на добар резултат“ заврши Шаќири.

ПретходноДанците и Белгијците застанаа во 10-тата минута во чест на Ериксен (видео)
СледноБела или црна точка: Од пет пенали на ова ЕП само Роналдо даде гол!