Спортмедиа анализа – Ѓорѓи Христов: Да одиграме како што знаеме! Посакувам да ја израдуваат Македонија!

223

Во пресрет на денешниот меч со Украина, вториот за нас на ова ЕП, нашиот стручен коментатор Ѓорѓи Христов вели дека тој верува во момците и дека тие можат да остварат добар резултат.

“Па, според мене не треба нешто посебно да се менува во нашата игра во однос на мечот со Австрија. Треба да одиграме како што знаеме, да ја играме нашата игра, онаа што не донесе на ова ЕУРО 2020. Реално Австрија во неделата беше подобра, затоа и победи. Не е тајна дека Украина исто е силна репрезентација, но ние имаме шанси за добар резултат. Стравувам само противникот да не ни наметне висок притисок, да не дојде до пресинг од нивна страна врз нашите стопери, кои и да бидат во таа наша линија. Тогаш ќе си имаме проблем, но веројатно е дека нашиот стручен штаб размислувал и за ова. Имаме добар среден ред, може да искреира шанси, може да наметне свој стил на игра. Секако и реализацијата мора да биде подобра, секоја шанса треба да се користи. Овој меч е значаен, но веројатно нема да биде пресуден. Сепак ќе видиме. Им посакувам среќа  на нашите момци и искрено посакувам да ја израдуваат Македонија со победа“ заврши Христов кој во неделата со своето семејство беше во Букурешт и од трибините ги бодреше Пандев и момците. Вели дека тоа било посебно доживување.

ПретходноБојан Блажевски уште две години во Бутел Скопје
СледноРаботнички ги стартуваше подготовките!