Трансфери: Танушев се врати во Силекс, Тофилоски на голот на Тиквеш!

413

Во длабока сенка на ЕУРО 2020, на домашната фудбалска сцена наголемо е почнат преодниот рок, односно се прават трансфери. Па така најново е тоа што Силекс, нашиот претставник во Конференциската лига се засили со искусниот офанзивец Ѓорѓи Танушев, досегашниот фудбалер на Пелистер. Да споменеме дека ова всушност е негово враќање во Кратово, ако се знае дека тој во сезоната 2016/2018 веќе го носеше дресот на Силекс.

Дарко Тофилоски (35), искусниот чувар на мрежата, некогашен репрезентативец, кој долго време беше надвор од Македонија, најверојатно ќе потпише за кавадаречки Тиквеш. Клуб кој следната сезона ќе игра во ПМФЛ и тоа по пауза од 17 години.

ПретходноПречка, па пенал за Македонија: Алиоски промаши, па погоди за 2:1! (ВИДЕО)
СледноВАР им даде пенал на Украинците, но Димитриевски ја спушти „ролетната“ (ВИДЕО)