Александар Тренчевски уште една година во Прилеп!

238
После Реваз Чантурија, Давор Шокоски, Христи Бикоски и пикерот Александар Тренчевски го продолжи својот договор, се обврза на едногодишна соработка со тимот на Прилеп.
„Тренчевски беше еден од најзаслужните што Прилеп и наредната сезона ќе игра во суперлигашкото друштво. Беше незаменлив во тимот на Кузманоски како во напад каде водеше „битка” со одбранбените играчи на противничкиот тим, така и во одбраната каде заедно со Гавашелишвили и Андоновски претставуваа одбранбен бедем пред голот на одличниот Цинцадѕе“, велат од таборот на Прилеп. 
ПретходноЕшли Јанг по 10 години се врати во Астон Вила
СледноДе Брујне имаше асистенција и гол, но УЕФА шокираше со изборот за играч на натпреварот