Бела или црна точка: Од пет пенали на ова ЕП само Роналдо даде гол!

1484

Бела или црна точка на ова ЕУРО, тука не ја сметаме средбата која што е во тек меѓу Данска и Белгија. Имено во изминатите натпревари судиите покажаа во пет наврати најстрога казна, и само еднаш пеналотн беше реализиран.

Успеа да погоди само Роналдо, а кој друг, и тоа на средбата Португалија – Унгарија. На мечот Украина -Македонија дури два пенали не беа искористени. Прво Алиоски за Македонија, сепак во продолжение од акцијата тој даде гол, а потоа и Малиновски не успеа. Димитриевски прекрасно му ја фати топката „жива“ што се вели.

Не погоди ни Хојберг за Данска против Финска, а Бејл од Велс ја испрати во облаци против Турција.

ПретходноСпортмедиа анализа – Артим Шаќири: Зошто чекавме во првото полувреме?
СледноТуширање со „топлата вода“ на Мрме!