Македонија елиминирана од ЕУРО, дуелот со Холандија само за престиж!

2115

Македонија нема да продолжи во 1/8 финалето на ЕУРО, откако вечерва Холандија ја совлада Австрија.

Македонската селекција на дебито на ЕУРО ќе одигра само три меча во групата. Дуелот со Холандија во понеделник во Амстердам ќе биде само за престиж и за подобрување на статистиката.

За Македонија да помине, требаше вечерва Холандија да загуби од Австрија, а потоа ние да ја совладаме Холандија. Тоа беше само теорија, со што „лалињата“ и дефинитивно сега и таа теорија ја отпишаа.

Македонија загуби од Австрија (3:1) и од Украина (2:1) во првите две кола.

ПретходноХоландските „лалиња“ ја совладаа Австрија за „виза“ во 1/8 финалето (ВИДЕО)
СледноНа УЕФА и е доста: Испрати јасни пораки за спонзорските пијалоци