Познат е можниот стартен состав на нашата репрезентација за дуелот со Украина. Мечот почнува во 15 часот, а според најавите селекторот Игор Ангеловски ќе направи по една измена во сите линии на тимот.
Па така место Бејтулаи, во таа последна “тројка“ ќе биде Кире Ристевски, заедно со Дарко Велковски и Висар Муслиу. Стефан Спировски ќе биде во средниот ред и тоа заедно со Аријан Адеми и Енис Барди, десно Стефан Ристовски а лево Езџјан Алиоски. И во нападот Горан Пандев и Елиф Елмас.
Се разбира на голот е Столе Димитриевски.