Ангеловски направи две замени на полувремето. Дарко Чурлинов и Алекс Трајковски се двајцата кои влегоа на теренот на полувремето, а во соблекувалната останаа Николов и Спировски. Тоа значи дека сега целосно ја отворивме играта.
Во 54. минута Трајковски успеа да ја погоди пречката со помош на одбрана на Бушчан, а Караваев го спречи Пандев да стигне до топката и досуден беше пенал за Македонија.
Алиоски го изведе, и во 57. минута, го одбрани Бушчан, но од одбиената топка ја заби во голот за 2:1.