Работнички ги стартуваше подготовките!

442

Со прозивката, а потоа и со првиот тренинг, вчера и Работнички тргна со подготовките. Прво спортскиот директор Горан Станковски им се обрати на играчите, а потоа и тренерот Александар Влахо им го кажа планот на подготовките и што се очекува од нив.

Работнички првиот дел ќе го одработи во клупската база во Градскиот парк, а потоа ќе се интензивираат подготовките и ќе се играат пријателски мечеви. Засега нови имиња се Бојан Илиески, Анес Османовски и Дејан Тантуровски. Има и двајца Африканци кои се на проба.

ПретходноСпортмедиа анализа – Ѓорѓи Христов: Да одиграме како што знаеме! Посакувам да ја израдуваат Македонија!
СледноДосегашен биланс: Имаме триумф над Украина и тоа против Шевченко на Градски!