Со Пандев и “Фалангата“ можеме да ја победиме Украина!

292

 

Попладнево од 15 часот на Националната Арена во дождливиот Букурешт,  нашите момци го играат вториот натпревар на ова  ЕП. Се среќаваме со силната селекција на Украина предводена од големиот Андриј Шевченко.

Се она што се случуваше на првиот меч со Австрија треба да  се остави зад нас, да научиме од грешките и да одиме на мегдан со Украинците со исправени глави.

Јасно е дека противникот има квалитет, но имаме и ние. Јасно е дека ова за нас ќе биде финале, барем така кажа селекторот Ангеловски, но ќе биде и за Украинците.

Веројатно оној поразениот ќе ги загуби сите шанси за пласман во елиминациската фаза, и ние сакаме да не бидеме тие.

Кога е капитенот во тимот, нашата икона Горан Пандев, се е можно, а уште ако се знае дека на трибините ќе бидат  и нашите фанови, сплотени во таа толку позната “Фаланга“, е тогаш навистина се е можно.

Логиката вели помалку емоции, верба во својот квалитет, малку повеќе среќа…

Тоа треба да биде рецептот за денешниот меч, на кој Македонија, не крие, оди на првата својата историска победа на едно големо натпреварување.

ФОТО ФБ

ПретходноИ Локатели има нешто да и каже на кока кола (ВИДЕО)
СледноБукурешт и денеска под дожд, Шевченко се надева дека нема да биде невреме