Украина – Македонија: Време е за победа, време е за прва радост…

219

Ако можевме со Германија, зошто тогаш да не можеме со Украина. Денеска од 15 часот во “македонскиот“ Букурешт одново Пандев и компанија ќе имаат голема поддршка од фановите. И тие, и сите ние кои сме тука во главниот романски град очекуваме уште едно добро издание на нашите „рисови“, но сега тоа да биде и со добар резултат.

А кога, ако не сега? А против кого, ако не сега против Украина?

Денеска е шансата за “рисовите“ да дојдат барем до првиот историски бод на своето деби на едно големо натпреварување. Нема сомневање дека ќе го дадат својот максимум, нема сомневање дека уште еднаш ќе го остават срцето на терен, за себе, за репрезентацијата и за Македонија.

Време е за победа, време е за прва радост на ова ЕУРО.

Момци одиме на победа, одиме по трите бода.

Попладнево нека ечи македонска победничка песна, нека се пее за Македонија, за Пандев и другарите. Нека се слави фудбалот.

Сите да уживаме во уште едно блескаво издание на Македонија.

Напред МАКЕДОНИЈО…

ПретходноФијаско на „Северна“ на шалот Македонија!
СледноЕУРО 2020: Холандија ја дочекува Австрија, Белгија против „шокираната“ Данска!