ФОТО: Официјален Твитер профил на УЕФА ЕУРО 2020
Големото островско дерби помеѓу соседите Англија и Шкотска заврши без голови. Ова е меч од 2. коло од групата Д по кој Англичаните сега имаат четири бода, а Шкотланѓаните еден, исто колку и Хрватска. Чесите се први со четири бода поради подобра гол-разлика.
Инаку соседскиот дуел се одигра на „Вембли“, а се оствари она што се очекуваше, жесток ритам, многу прекини, бескомпромисна борба и на моменти агресивност. Имаше и шанси, а недостасуваа само головите.
На старот од првото полувреме Англичаните беа подобар противник, во 12. минута имаа и одлична можност да го отворат резултатот но бекот Џон Стоунс ја погоди пречката на шкотскиот гол. Шкотланѓаните се разбудија во финишот, се заканија во 30. минута кога О’Донел шутна од волеј, но англискиот голман го одбрани неговиот обид.
Во вториот дел се играше цврсто на средината на теренот, а имаше и по некоја шанса за гол. Ја издвојуваме онаа во 63. минута кога по прекин, Дајкс шутира но англискиот десен бек Рис Џејмс успева да ја запре топката да не влезе во голот.
Како што одминуваше мечот, Англичание се послаби. Кејн речиси да не се виде на теренот па беше заменет. Бавно и лесно ја губеа топката момците на Саутгејт, а Шкотите и понатаму фанатични и борбени.
На крајот 0:0 и по бод за двете репрезентации.
Во последното коло Англија ќе игра со Словачка, додека Шкотска ќе бара победа против Хрватска. Сега сите четири репрезентации имаат шанси за пласман во нокаут фазата.
Qui va remporter ce derby so 🇬🇧… pic.twitter.com/F0UGgy8yEu
— EURO 2020 🇫🇷 (@EURO2020FR) June 18, 2021