Поранешниот кошаркар Дирк Новицки се врати во Далас Маверикс меѓутоа нема да се реактивира како играч туку ќе работи како специјален советник на екипата од Тексас. Новицки се пензионираше на крајот на сезоната 2018/19, а нов предизвик ќе му биде да помогне на тимот во борбата за титулата во НБА-лигата.
„Марк Кубан ми се јави и ми ја понуди работата специјален советник и среќен сум што ќе можам да им помогнам на Маверикс. Дони Нелсон и Рик Карлајл беа двајца мои ментори и одиграа голема улога во мојата кариера и успесите на франшизата и многу ќе ми недостасуваат. Сега е најважно е да се фокусираме на работата за Маверикс да тргне нанапред“, изјави Новицки кој одигра 21 сезона за Екипата од Тексас.
Далас ја освои титулата во НБА во 2011 година, а Новицки беше МВП на финалињата.
He’s back.
Please give a warm welcome to the newest Special Advisor to the franchise, @swish41! 🐐 #MFFL pic.twitter.com/lOHxVHZcKs
— Dallas Mavericks (@dallasmavs) June 18, 2021