И тоа е можно – Македонија ги обедини Сараевчани

5457

 

Секој ден на пат до мојата редакција минувам покрај централната сараевска Титова улица. И секое утро, некаде кај “Вјечна ватра“, среќавам еден ист тип.

Се знаеме од моето детство. Мил ми е и покрај тоа што сме на “различни страни“. Луд е по Фудбалскиот клуб Сараево. Никогаш не ми ја прости мојата играчка епизода  во нему најомразениот  тим – градскиот ривал Железничар.

“Како во војната не ви го урнаа стадионот (стадионот на ФК Железничар `Грбавица` во војната 1992-1995. беше на линијата на фронтот)“, на тој начин почнува секоја наша средба.

Обично низ насмевка му одговарам: Бјежи болан. Порасни. Некогаш и: Болен си.

А тој ќе возврати:

“Да, сум. Не кријам. Ја сакам бордо бојата (бојата на дресовите на ФК Сараево). Го мразам тој мал “Жељо“.

После редовните “поздравни честитки“ секој оди по својата работа. Тој во такси. Можам да замислам колку ги малтретира луѓето за ФК Сараево. Посебно муштериите, и  по тоа прашање, му се туристи. Констатира “мора да ги знаат вистинските вредности на овој град“.

На денот на вашиот натпревар со Украина се видовме. После стандардното жалење поради постоењето на ФК Железничар и стадионот “Грбавица“, и по мојата реакција да биде сериозен, го прашав дали ги следи настаните на УЕФА ЕУРО 2020, за кого навива?

“Дали си, мајку му, нормален? Какво ти е тоа прашање“ ми одбруси а уште и додаде:

“Глупо прашање. За кого можам да навивам?! За Крле и неговите“.

Кога го прашав кој е Крле, ме “почести“ со нови “комплименти“:

“Што се правиш луд? Крле-Крсте Велкоски. Брат.Наш капитен. Репрезентативец на Македонија. За Македонците. За кого ќе навивам?! А, ти?“.

И јас за Македонија, му одговорив. Се поздравивме со карактеристичниот сараевски поздрав „воздра – воздра“. И повторно секој по својот пат.

Овојпат остана без текст. Веројатно се прашуваше “дали е можно, тој и јас на иста страна“.

И уште нешто. Може некој од вас драги читатели на “Балкан експрес УЕФА ЕУРО 2020“ ќе се запраша од каде овој Босанец во дресот на Македонија?! Емоции. Драги спомени. Од прекрасната младост.

Понатаму не смеам.

Случајно куферите да не ги најдам пред станот…

ПретходноДирк Новицки се врати во Далас Маверикс
СледноЕнрике: Против Полска ќе играaт Мората и уште 10 фудбалери