Фудбалската репрезентација на Бразил го декласираше Перо со 4-0 во второто коло на Копа Америка. По два меча оваа селекција има максимални шест бода и седум постигнати голови, а ниту еден примен.
Фудбалската репрезентација на Бразил го декласираше Перо со 4-0 во второто коло на Копа Америка. По два меча оваа селекција има максимални шест бода и седум постигнати голови, а ниту еден примен.
„Кариоките“ по само 12. минути игра дојдоа до водство, стрелец на голот беше Алекс Сандро. Вториот погодок за Бразил го постигна Нејмар во 69. минута, Рибеиро стрелаше во 89. минути, додека во судиското продолжение печат на оваа средба стави Ричарлисон.
Во вториот меч од оваа група, Колумбија и Венецуела одиграа без голови, па сега Колумбија има четири поени, а Венецуела се израдува на првиот бод.
ФОТО: Copa América/Twitter