Дирк Новицки се врати во Далас Маверикс

1045

Поранешниот кошаркар Дирк Новицки се врати во Далас Маверикс меѓутоа нема да се реактивира како играч туку ќе работи како специјален советник на екипата од Тексас. Новицки се пензионираше на крајот на сезоната 2018/19, а нов предизвик ќе му биде да помогне на тимот во борбата за титулата во НБА-лигата.

Марк Кубан ми се јави и ми ја понуди работата специјален советник и среќен сум што ќе можам да им помогнам на Маверикс. Дони Нелсон и Рик Карлајл беа двајца мои ментори и одиграа голема улога во мојата кариера и успесите на франшизата и многу ќе ми недостасуваат. Сега е најважно е да се фокусираме на работата за Маверикс да тргне нанапред“, изјави Новицки кој одигра 21 сезона за Екипата од Тексас.

Далас ја освои титулата во НБА во 2011 година, а Новицки беше МВП на финалињата.

ПретходноСинот на Хумелс се радувал кога неговиот татко постигна автогол со Франција
СледноИ тоа е можно – Македонија ги обедини Сараевчани