На крајот се испадна добро, но тоа значи и крај на кариерата, и тоа само на 29 години. Кристијан Ериксен никогаш веќе нема да заигра професионален фудбал.
Како што пишува “Марка“, данскиот репрезентативец, кој на ова ЕУРО 2020, колабираше на мечот со Финска и за малку остана жив, е успешно опериран, и тој во наредните денови би требало да биде пуштен од болница.
Нему му е вграден специјален апарат во срцето, со кој ќе му се следат отчукувањата.
Со тоа апаратче Ериксен ќе може да води нормален живот, но не смее веќе да игра професионален фудбал.
Сепак, ова е голема победа за него, посебно ако се знае што можеше да се случи. Недостигаа секунди за да на “Паркен стадионот“ во Копенхаген минатиот викенд се случеше вистинска трагедија.