ЕУРО 2020: Чешка водеше со контроверзен пенал, Перишиќ ја спаси Хрватска (ВИДЕО)

545

Чешка и Хрватска одиграа 1:1 во вториот меч од групата „Д“, со што Чешка ги зголеми своите шанси за пласман во 1/8 финале, а Хрватска ќе мора да ја совлада Шкотска во последното коло.

Чешка поведе со контроверзен пенал. Во воздушен дуел беа Шик и Ловрен, на Шик му течеше крв од носот, а дури по прегледувањето на ВАР беше одлучено да има пенал за Чесите. Шик беше сигурен, а Хрватска првото полувреме го одигра слабо со Перишиќ како десно крило.

Работите се сменија во вториот дел кога Далиќ направи две замени, па така Хрватите одиграа поорганизирано, а Перишиќ во 47. минута успеа да израмни по соло акција.

До крајот и двете селекции имаа шанси, но Хрватска беше поблиску до пресврт, но на крај остана 1:1.

 

ПретходноМакедонија слета и некомплетна тренираше во Амстердам, па и селекторот мораше во „игра“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноМурињо објасни зошто Азар е ужасен во последните две сезони