✍️ Марија Ковачева
Баш за време на историскиот настап на македонската фудбалска репрезентација на ЕУРО одново политиката се вмеша онаму каде не треба. Додека нашите најдобри фудбалери ја претставуваат Македонија на ова континентално натпреварување, јужниот сосед се обиде да ја расипе радоста на македонскиот народ, да ја погази нашата гордост.
Но, Грција експресно доби „шамар“ од УЕФА, која убаво им потенцираше и на нив, и на премиерот Зоран Заев, дека нема да дозволи политиката да се меша во спортот, и дека името ФФМ нема намера да го менува, ниту тоа да го побара од нашето раководство.
Ова го знаеме сите, освен, се чини политичарите. Убаво стоеше во известувањето на МНР: Фудбалската федерација на Македонија е здружение, функционира надвор од надлежностите на Владата и не добива ниту денар од нив, па затоа не може да ги присили да се водат според преспанскиот договор.
Но, и покрај ова, премиерот Зоран Заев на Грција и вети дека ќе го промени името, оти на државата поради која се викаме Северна Македонија и смета амблемот на дресот ФФМ.
„Цела Европа знае дека нашата фудбалска репрезентација на првенството ја претставува Северна Македонија. Дури и Федерацијата да не е јавен ентитет, националниот тим е. Како што е во сите земји во светот. Па така, јасно е и треба да биде јасно на сите нивоа дека е репрезентација на Северна Македонија, ирелевантно од иницијалите на Федерацијата на дресовите. Веќе го покренавме конкретниот аспект со Федерацијата и во наредниот период ќе го решиме прашањето врз основа на Договорот од Преспа и правилата и традицијата на УЕФА“, ова е писмената изјава на Зоран Заев за грчката новинска агенција АНА-МПА и грчката државна телевизија ЕРТ
Но, премиерот Заев заборави нешто многу важно. Ниту една федерација засега нема обврска да го смени името и да додаде Северна Македонија.
“Согласно со одлука на ИОК, код-МКД и скратен назив на олимписки спортски федерации остануваат до 01.01.2023 година. Целосен назив на Македонски олимписки Спортски федерации во интернационални олимписки спортски федерации е променето.
Реакцијата на политика институција од било која страна е недозовлена согласност со Олимпискиот кодекс, кој секоја држава преку својот Олимписки Комитет го има поптипашно и е задолжителен за секој“, ова е нешто што секој треба да го знае.
И наместо денеска и овие денови да го живееме фудбалскиот сон без „сопки“, ние згора на се читаме изјави од Заев дека ФФМ во следниот период ќе го промени името.
Да, ова ќе се случеше многу порано, ако дојдеше до промена на раководството во ФФМ. Тие што мислеа за доброто на фудбалот и што сакаа да влезат во оваа куќа – веднаш ќе го променеа името.
Нашите фудбалери на дресовите ќе имаат ФФСМ, а не ФФМ. Ова веќе го видовме со кошаркарите, тие играа со дресови Северна Македонија.
Да живее Македонија!!!