Бурно лето е пред македонските национални репрезентации. По обврските до Б-селекцијата, предводникот на сите национални машки ракометни тимови, Кирил Лазаров го чека обврска со младинците.
Тој денеска го објави поширокиот список на играчи родени 2002 година и помлади кои ќе настапат на кадетскиот ЕХФ шампионат во Македонија во август.. Во изборот на Лазаров се најдоа 39 имиња, стартот на подготовките е закажан за 22. овој месец во салата во Автокоманда.