На тренинг кампот на фудбалскиот клуб Ајакс, македонскиот национален тим го одржа првиот тренинг во Амстердам пред пресметката во понеделник против Холандија.
Тренираа само оние кои вчера не добија минутажа, или, оние кои одиграа едно полувреме и помалку. Другите остана да се рехабилитираат во хотелот во главниот холандски град.
Македонија ги почна подготовките за последниот меч на ЕУРО со „лалињата“ во понеделник, по што селекцијата ги завршува настапива на ЕП по двата порази од Австрија и од Украина.