Норвешка најавува бојкот на СП 2022 во Катар

1209

Норвешка најверојатно ќе го бојкотира Светското првенство 2022 чиј домаќин е Катар. Причината за ваквиот потег се условите во кои работат луѓето задолжени за изградба на стадионите, како и големиот број на жртви кои го загубија животот токму поради мундијалските подготовки во оваа земја.

„Гардијан“ пишува дека од 2011 до 2020 година загинале 5.927 работници, 824 починати работници се од Пакистан.  Од друга страна пак, Катар пријави само  37 смртни случаи при изградба на објекти за СП.

Норвешката федерација е една од оние кои смета дека оваа земја не треба да биде домаќин на Мундијалот, а дали навистина ќе го бојкотира ќе биде познато во недела.

Претседателот на норвешката „куќа на фудбалот“, Терје Свендсен даде свој коментар за оваа идеја.

„Фактот дека повеќе луѓе се против бојкот во моментот веројатно значи дека луѓето се свесни дека потребни се и други мерки за да се натераат Катар и УЕФА да направат вистински промени. Вистина, сè уште имаме ситуација секој втор Норвежанец да сака бојкот, но ако земеме предвид некои претходни анкети, не е изненадување. Промената е во тоа што се зголеми бројот на оние кои се против бојкот“.

ФИФА најавува контра-санкција, планира да ѝ забрани на Норвешка да учествува на Светското првенство 2026 година.

ПретходноНа УЕФА и е доста: Испрати јасни пораки за спонзорските пијалоци
СледноФудбалерите ги спакуваа куферите, летаат за Амстердам