На состанокот на Извршниот одбор на Евролигата одржан денеска во Барселона е дефиниран и списокот на учесници во двете натпреварувања за наредната сезона – Евролигата и Еврокупот.
Во Евролигата ќе играат: Анадолу Ефес, Олимпија Милано, ЦСКА Москва, Барселона, Фенербахче, Макаби Тел Авив, Олимпијакос, Панатинаикос, Реал Мадрид, Басконија, Жалгирис, Баерн Минхен, Асвел, Алба, Црвена Звезда, Зенит, Монако и Уникс.
На списокот на учесници во Еврокупот се: Метрополитен, Будуќност, Цедевита, Тренто, Бурсаспор, Хамбург, Гран Канарија, Бург, Хувентуд, Лиеткабелис, Локомотива Кубањ, Андора, Партизан, Промитеас, Улм, Сласк Вроцлав, Турк Телеком, Венеција, Валенсија, Виртус Болоња.