Рамос понуден на францускиот гигант

672

Серхио Рамос на крајот на јуни ќе стане слободен играч, откако и официјално ќе му истече договорот до Реал Мадрид. Раководството на клубот нема да го продолжи договорот со шпанскиот фудбалер, кој 17 години го носеше дресот на „кралскиот“ тим.

Реал Мадрид немаше слух за 35 годишниот дефанзивец, кој имаше одредени услови. Тој вчера со солзи се збогува со клубот, а веќе денеска излезе информација поврзана за него.

Според пишувањата на мадридски лист АС, Рамос е понуден на ПСЖ, неговиот менаџер му порачал на францускиот клуб дека желба на искусниот фудбалер е да игра за „Паркот на принцевите“.

Во моментов ПСЖ бара замена за Тијаго Силва, и најважно, може да ги исполни барањата на Рамос. А близината на Мадрид и Париз му оди во прилог на фудбалерот.

ПретходноСилекс го потврди Танушев, а потпиша и со Бурхан Алији!
СледноЗаев упорно сака да го промени името: Ниту ФФМ или друга федерација нема обврска!