Силекс го потврди Танушев, а потпиша и со Бурхан Алији!

1321

Кратовци не престануваат со ангажманот на нови имиња. Па така нашиот претставник во Европа, денеска и официјално го потврди трансферот на Ѓорѓи Танушев од Пелистер. Трансфер кој Спортмедиа го најави во текот на вчерашниот ден.

Инаку ново име во редовите на кратовци е и Бурхан Алији (31) искусниот офанзивец кој од пред неколку дена беше член на Охрид, тим кој што во баражот против Ренова не успеа да се пласира во елитата, недостигаа секунди.

Алији досега во својата кариера има играно за Башкими, Милано, Тетекс, Шкендија, Дрита Боговиње, Гостивар, Еуромилк, Лирија, Велазерими и Охрид.

ПретходноШкупи на 8 јули со Љапи на Арената, Силекс со Петрокуб на ФФМ, а Струга ТЛ ќе гостува!
СледноРамос понуден на францускиот гигант