Матс Хумелс го реши натпреварот меѓу Германија и Франција, кога си постигна автогол, и со тоа Французите остварија триумф од 1:0.
Меѓутоа она што е чудно во сето тоа, е радоста на тригодишниот син на дефанзивецот на Германија по постигнатиот автогол.
Што се случило, објаснува Хумелс.
„Едноставно мојот син не знае што е тоа автогол, односно мислел дека јас ја испратив топката во противничката, а не во својата мрежа“, рече Хумелс.