Нашата фудбалска репрезентација е на пат кон Амстердам каде во понеделник ќе го одигра својот последен меч на ова ЕП. За нас веќе нема никакви шанси за пласман во елиминациската фаза, односно пласман во 1/8 финалето на ова наше прво учество на едно големо натпреварување.
Се разбира дека по тие два порази од Австрија и Украина во Букурешт треба да се направи анализа, да се “извади“ статистиката, но се чини дека сеуште е рано за детални анализи, ќе го почекаме и тој трет меч па потоа ќе се занимаваме со бројките, и за тоа дали можевме барем малку подобро.
Кога сме кај статистиката на овие два меча, со Австрија и Украина, веднаш прво паѓа во очи дека двата гола, на Пандев и Алиоски биле постигнати со лева нога. Дека имаме вкупно 20 удари, но само 7 во рамките на голот. Изведени само 5 корнери, дека за 180 минути сме направиле само една чиста шанса, сме имале 608 успешни пасови, посед на топка 44%, и истрчани 209.4 километри.
Во продолжение можете да ја видете комплетната статистика на нашата репрезентација од двата меча со Австрија и Украина.
СТАТИСТИКА
Натпревари: 2
Победи: 0
Нерешено: 0
Порази 2
Голови: 2
(глава: 0)
(д.нога: 0)
(л.нога: 2)
Удари вкупно: 20
Кон голот: 7
Надвор од голот: 9
Блокирани удари: 4
Корнери: 5
Напади: 49
Чисти шанси: 1
Дриблинзи: 21
Успешни пасови: 608
Посед на топка: 44%
Истрчани км: 209.4
Одбрани на голман: 11
Картони: 4 жолти
Направени прекршоци: 25
Претрпени прекршоци: 21