Стефан Јевтоски три години во Ујпешт!

967

Играчот за врска, и досегашен член на Работнички Стефан Јевтоски, во идните три години ќе го носи дресот на унгарски Ујпешт.

Јевтоски денеска го комплетираше трансферот во унгарската екипа, тим во кој ќе биде единствениот македонски интернационалец, со оглед дека Кире Ристевски замина на Кипар.

Јевтоски во минатото беше дел од Арсенал Киев, Локо Пловдив и скопски Металург.

ПретходноЗаев упорно сака да го промени името: Ниту ФФМ или друга федерација нема обврска!
СледноУЕФА: Финалето ќе се игра во Лондон