Лука Дончиќ и Далас во следната сезона ќе влезат со ново тренерско име. Рик Карлајл ги известил челниците на клубот дека си замина и покрај тоа што му преостанаа уште две години од договорот.
Карлајл на клупата на Далас мина 13 години и освои една шампионска титула во 2011 година, предводен од Дирк Новицки го шокираше Мајами со Леброн, Вејд и Бош. Во овие години има скор од 555-478, но после титулата никогаш не успеа Далас да го одведе во вториот круг на разигрувањето. Оваа и минатата сезона во првото коло беа сопрени од ЛА Клиперс.
„Оваа одлука е моја. Моето семејство и јас имавме 13 годишно незаборавно искуство. Ми беше чест да работа за нив. Далас секогаш ќе биде мојот втор дом, но возбуден сум поради моето ново поглавје во тренерската кариера“, изјави сега веќе екс-стратегот на Далас.
Дел од навивачите за заминувањето на тренерот го обвинија Лука Дончиќ, кој знаеше да оспорува многу неговите одлуки и јавно го искажуваше своето незадоволство од неговите потези.