Завршницата од ЕУРО 2020, полуфиналињата и финалето, би можеле место во Лондон, да се играат на „Пушкаш Арената“ во Будимпешта. Ова го пишуваат медиумите на Островот, и тоа дека челниците на УЕФА биле гневни кон организаторот, на тие мечеви во Лондон, поточно кон властите на Обединетото Кралство.
Со оглед на рестриктивните мерки, власите не и дозволуваат на УЕФА да ги “донесе“ во Лондон тие 2.500 ВИП гости. Сите тие мора да бидат најмалку во десетдневна изолација при влезот во Обединетото Кралство. Ова секако дека е голем удар за УЕФА.
Во случај да не се најде заеднички јазик, УЕФА размислува дека е подобро тие три завршни натпревари да се играат пред 70.000 гледачи на велелепната Арена во Будимпешта, и поради фактот дека во Унгарија нема ограничувања.