Швајцарија му дозволи на Зомер да присуствува на раѓање на неговата ќерка

252

Голманот на швајцарската репрезентација Јан Зомер, за момент го напушти кампот на швајцарската репрезентација во Рим, и да замине во Келн да присуствува на раѓањето на својата ќерка. Се разбира даде дозвола и УЕФА, со оглед дека репрезентациите се наоѓаат во т.н. балон, а со негативен ПЦР тест може да се приклучи на својата селекција.

Веќе денеска Зомер се врати во Рим, а селекцијата вечерва патува во Баку, каде што швајцарскиот национален тим ќе игра со Турција во недела.

Зомер ги бранеше првите два натпревари, во кои Швајцарија одигра 1:1 со Велс, и загуби од Италија 3:0.

ПретходноПотврдени сите учесници во Евролигата и Еврокупот за 2021/22
СледноЛев: Роналдо не знае само да поместува шишeнца, туку постигнува и важни голови