По „ремито“ со Шпанија, Шведска ја забележа првата победа на ЕУРО, совладувајќи ја селекцијата на Словачка со 1:0.
Стрелец на голот беше Форсберг во 77. минута од пенал. Беше прецизен од белата точка во левиот долен агол, иако Дубравка прочита, сепак, не успеа да одбрани. Претходно Дубравка и Олсен имаа шоу на своите голови, и не дозволија двете селекции да постигнат гол, но отпорот беше скршен на 13. минути пред крајот.