Германскиот селектор Јоаким Лев го даде своето мислење пред утрешниот натпревар со Португалија во 2. коло од групната фаза на ЕП 2020.
„Разочарани сме со настапот против Франција. Имавме силен противник, а загубивме поради автогол. Изминатите денови ја анализиравме нашата игра и свативме што треба да коригираме за мечот со Португалија. Против Франција се браневме добро, но не бевме креативни во нападот. Не чувствуваме притисок, туку полни сме со оптимизам и веруваме во себе и во добар резултат. Ќе има промени во составот. Мораме да нападнеме, мораме да притискаме и да бидеме опасни“, изјави Лев.
За тоа како планираат да го запрат Кристијано Роналдо, првата ѕвезда на Португалија, тој изјави:
„Претходно тој беше главна португалска ѕвезда. Сега ги имаат Силва, Фернандес, Жота, Карваљо… Се разбира, Кристијано Роналдо не знае само да поместува шишенца со Кока Кола на прес-конференциите туку знае во вистински момент да постигне гол. Тој може да погоди од лево, десно, со глава… Ја знаеме неговата способност и тимски ќе се потрудиме да го запреме“, додаде Лев.