Мурињо објасни зошто Азар е ужасен во последните две сезони

896

Кога пред две години Еден Азар потпиша за Реал Мадрид, се чинеше дека „кралевите“ добија одлично засилување. Се очекуваше многу од него, но после две години одигра само 43 натпревари постигна само пет голови, и се соочи со многу повреди играчот на Белгија. Згора на тоа се мачеше и со вишокот килограми.

Во разговор за „токСпорт“, жестоки критики доби и од Жозе Мурињо, кој го тренираше во Челзи. Белгиските медиуми се лути на Азар поради тоа што не може да помогне на селекцијата поради тоа што не е физички подготвен.

„Кога ќе го погледнете, одма гледате дека е неверојатен играч, но ужасно тренира. Да, тој е навистина дебел на тренинзите. Може само да замислите што ќе се случи да е фокусиран на тренингот. Мило момче, тивко и пристoјно. Но, кога ќе дојде наутро во клуб едноставно не сака да работи. Кога отиде во Реал Мадрид, помислив дека тоа е чудесно. Оди во најголемиот клуб во Светот, но под притисок ќе ја освои Златната топка. Но, на жал, по прашањето на брзината и кондицијата е лош, мора да биде подобар“, рече Мурињо. 

ПретходноЕУРО 2020: Чешка водеше со контроверзен пенал, Перишиќ ја спаси Хрватска (ВИДЕО)
СледноСинот на Хумелс се радувал кога неговиот татко постигна автогол со Франција