Фудбалерите ги спакуваа куферите, летаат за Амстердам

723

Иако не успеавме да освоиме ниту еден бод, Букурешт ќе биде запишан во историјата на македонскиот фудбал. Во овој град, Македонија ги истрча првите минути на едно големо натпреварување. И покрај поразите сите ние ќе го паметиме долго време.

Најважно е дека во двата порази од Австрија и Украина, Горан Пандев и останатите момци покажаа дека не се залутани на ЕУРО 2020, одиграа храбро, имаа и шанса за повеќе, но за жал, истата не ја искористија.

Амстердам ќе биде новата база на Македонија. Фудбалерите утринава ги спакуваа куферите, во 10 часот по романско време ќе летнат за Холандија, каде на 21. овој месец ќе го одиграат последниот меч од групната фаза.

Шансите за продолжување на европскиот сон се мали, но тоа пак не е причина да одиграат уште еден машки натпревар, за себе, за Македонија, за сите оние кои овие денови дишат во ритамот на фудбалот.

Во Амстердам нема да има навивачи, нашата земја и натаму стои на црната листа на држави според бројот на заразени од Ковид-19. Голема штета, иако бројките се намалени, сепак „Фалангата“ ќе мора да се врати дома.

Според првичниот план, македонската фудбалска репрезентација во 18 часот треба да одржи тренинг.

ПретходноНорвешка најавува бојкот на СП 2022 во Катар
СледноМилвоки се избори за „мајсторка“, Миделтон испиша историја (ВИДЕО)