Секое лето исти проблеми за нашите клубови кои ја претставуваат Македонија во фудбалска Европа. Се знае дека само Арената во Скопје е лиценцирана за вакви мечеви, и секако и стадионот на ФФМ за почетните кола, и кога треба да се играат два или три меча во ист ден, ете го проблемот.
Па така како што дознаваме, договорено е за на 8 јули, кога се играат првите мечеви од 1.квалификациско коло во Конференциската лига, Шкупи на тимот на Љапи од Косово да му биде домаќин на Арената “Тодот Проески“ во Скопје. Истиот ден, Силекс ќе игра на стадионот на ФФМ против молдавскиот Петрокуб, додека Струга Трим Лум која исто така требаше да биде домаќин, на 8 јули ќе мора да гостува кај Лиепаја од Летонија.
Реваншите се играат на 15 јули, тогаш Шкупи ќе гостува на Косово, Силекс во Молдавија а Струга Трим Лум својот натпревар ќе го игра на ФФМ или на Арената.
Шкендија пак во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите се среќава со Мура од Словенија. И тетовци се домаќини на првиот меч, но тој се игра на 6 јули и тоа на Арената во Скопје.