Мора да го запреме ова момче – Думфрис на два меча, два пати најдобар

371

ФОТО: Официјален Твитер профил на холандскиот национален тим (https://twitter.com/OnsOranje)

Неочекувано, Дензел Думфрис имаше фантастични настапи за Холандија на двата досегашни меча од групната фаза на ЕП. Прво блесна против Украина, постигна и еден гол во победата со 3:2, а потоа избори пенал за водство на Холанѓаните против Австрија, за потоа и самиот да реализира еден гол во конечниот триумф од 2:0 во второто коло.

Два меча – два пати најдобар на терен. А се работи за десен офанзивен бек!

Негова работа е да асистира и да прави неред во противничките шеснаестерци. А кога има прекин се уфрлува во нападот затоа што со своите 190 сантиметри може да ги натскока противничките дефанзивци.

Македонските фудбалери ќе имаат многу работа со ова момче кое покажува фантастична форма на ова ЕП.

Да кажеме дека тој веќе има 21 натпревар за Холандија и единствените два гола ги постигна токму на ова ЕП. Инаку е играч на ПСВ од 2018 година, а истата година прв пат заигра за Холандија. Претходно играше за Херенвен и Спарта Ротердам.

ПретходноБукурешт вечно ќе не памети, Македонците испиле 3 цистерни пиво!
СледноРомански судија за дуелот Македонија – Холандија