Австрија останува без Лазаро до крајот на Еуро 2020?

317

Валентино Лазаро по се изгледа го заврши Еуро 2020. Според информација од австриските медиуми, понатамошниот настап на репрезентативецот на Австрија е доведено под знак прашалник, поради повредата заработена на мечот со Холандија.

Имено, Лазаро заработи повреда на мускулот на десниот бут во четвртокот, по што итно е пренесен во приватната клиника во близина на Инсбрук. По направената магнетна резонанца, докторите советувале подолга пауза, што го става неговиот настап во продолжението на ова ЕП под знак прашалник.

ПретходноАметов ќе игра СВ Мепен
СледноМилвоки влегоа во финалето на Истокот