Македонскиот интернационалец Бејхан Аметов во иднина ќе го носи дресот на Германскиот треетолигаш, СВ Мепен.
Екс-младинскиот репрезентативец ја промени средината и од сега ќе настапува за амбициозниот клуб од Саксонија.
Аметов важеше за еден од најталентираните играчи во својата возраст во Германија, тој е дете на Келн. Направи екстра трансфер во тимот на Борусија Дортмунд, но не успеа да се наметне во првиот тим. Потоа замина во Вупертал, а ете сега премина во Мепен.
Има забележано десетина настапи за германските младински селекции, пред да заигра за нашиот У21 состав.