Елмас: Време е со триумф да ја израдуваме нацијата

600

Денеска во името на Македонската фудбалска репрезентација на официјална прес конференција се појави Елиф Елмас.

По пристигнувањето во Холандија и оджаниот тренинг претпладнево, Елмас со иозјава за Македонските медиуми порача дека е време на овој турнир Македонија да се израдува на нешто повеќе од само добра игра и дека тој и неговите репрезентативни колеги ќе сторат се против Холандија тоа и да се оствари.

„Подготвени сме за овој меч. Дали Холандија ќе игра со втор или прв состав тоа нас ама апсолутно ништо не нио менува. Ние мора да одиграме на потребното ниво, да не правиме грешки и конечни да ја израдуваме Македонија со победа, а не само со добра игра како досега. Одсега не знаеме како ќе се одвива мечот но ние едно моѓеме да ветиме дека повторно ќе дадеме се од себе“  – изјави Елмас.

Македонија е без шанси за пласман понатаму, во елиминационата фаза, па мечот против Холандија на Амстердам Арената во понеделник од 18 00 часот ќе го игра тотално без притисок.

 

ПретходноФрацузите со прекрасен гест, отпоздравија момче во болница пред мечот со Унгарија
СледноМуслиу: Ова е ЕУРО ние имаме обврска да ја претставиме Македонија во најдобро светло