Ериксен на тренинг на Данска: „Штом стигна, прекинавме да тренираме“

1916

Откако беше пуштен од болницата во Копенхаген, Кристијан Ериксен прво што направил е посетата на соиграчите на тренинг кампот.

Меѓутоа тоа го сторил без најава, па така сите репрезентативци биле изненадени од овој потег.

„Не знаев дека ќе дојде. Чим стигна, прекинавме со тренинг. Изгледаше добро расположен, и тоа на целата екипа даде добра енергија. Можевме да го прегрнеме, беше убаво да се види со синот. Беше многу убав ден, тоа ни требаше многу“, рече фудбалерот Кристијан Норгард. 

„Беше тоа емотивен момент. Особено ако знаевме дека последен пат го гледавме како го спасуваат на теренот. Знаевме дека Кристијан е добар, но кога го видовме пак, тоа беше сосема поинакво чувство“, вели Јоаким Меле. 

ПретходноРепрезентативците се релаксираат низ каналите во Амстердам (ФОТО)
СледноЛудило во Минхен: Португалија поведе, па Германија направи пресврт со два автогола (ВИДЕО)