ЕУРО 2020: Германски атак на голот на Португалците

232

Со три гола во финишот на мечот, Португалија забележа победа над Унгарија во првото коло од групната фаза на ЕП. Кристијано Роналдо реализираше два и стана најдобриот стрелец во историјата на европските шампионати. За европскиот првак следуваат два жестоки натпревари, првиот е вечерва во Минхен против Германија.

Германците изгубија во првиот меч од Франција со автогол на Хумелс, но по она што го прикажаа не заслужија ништо повеќе. Беа премногу ранливи и погрешливи, а Французите покажаа силен ритам и одлична офанзива.

Вечерва четата на Јоаким Лев не смее да погреши, во спротивно ќе се најдат во ситуација да испаднат уште во групната фаза како што беше и на СП 2018.

Португалскиот селектор Фернандо Сантос воопшто не се плаши од Германија.

Не се плашиме од Германија. Имаме респект кон нив, а и тие кон нас, а ќе претерам ако кажам дека сме фаворити. И двете екипи имаат голем потенцијал за да го одлучат мечот“, изјави Сантос.

Од друга страна Јоаким Лев вели дека неговиот тим мора да биде прецизен во нападот. На последните неколку натпревари не сметајќи ги пријателските пред ова ЕП, Германците не беа ефикасни, а и доста киксираа во нападот.

ДЕНЕСКА НА ЕП 2020
УНГАРИЈА – ФРАНЦИЈА                15:00 ч.
ПОРТУГАЛИЈА – ГЕРМАНИЈА     18:00 ч.
ШПАНИЈА – ПОЛСКА     21:00 ч.

МОЖНИ СОСТАВИ
ПОРТУГАЛИЈА: Руи Патрисио – Нелсон Семедо, Рубен Диас, Пепе, Гереиро – Данило, Карваљо – Диого Жота, Фернандес, Бернардо Силва – Роналдо

ГЕРМАНИЈА: Ноер – Гинтер, Хумелс, Ридигер – Кимих, Гундоган, Крос, Госенс – Хаверц, Милер – Гнабри.

ПретходноСрбија го „тестира“ Б-тимот на Лазаров
СледноСелекторот гледа во “списокот“: Со кого против Холандија? (ФОТОГАЛЕРИЈА)