Од денеска и официјално, Македонија ЃП е во “погон. Со првиот тренинг, стратегот Александар Таневски означи старт на летните подготовки. Како во најголем дел од нашите клубови, така и кај ѓорчепетровци, ростерот ќе биде подмладен. Но преодниот рок е долг, ќе трае до крајот на август, па така “лавовте“ ќе можат, како и сите останати адекватно да се засилат.
Новитет кај “лавовите“ е фактот дека Таневски во стручниот штаб доби и тоа какви засилувања. Нови лица се Муарем Бајрами, младиот стратег кој со успех го водеше Шкупи, а нов тренер на голманите на Македонија ЃП ќе биде Мане Манев.