Лестер победи во трката по голгетерот на Салцбург

412

ФОТО: Twitter

Џејми Варди и Келечи Ихеначо ќе имаат нов колега во нападот на Лестер идната сезона. Се работи за репрезентативецот на Замбија и најдобриот напаѓач на Салцбург, Патсон Дака. Според медиумите од Англија, а и некои од Австрија, челниците на Салцбург ја прифатиле понудата на Лестер и одлучиле ова лето да го продадат 22-годишниот голгетер.

Не е познато колку пари понудил Лестер, но се шпекулира за сума од 30 милиони евра. Наводно Дака, ако не се случи некој превсрт, ќе стави потпис на договор до 2026 година.

Инаку овој фудбалер има импресивен ефект во австриската Бундес лига. Минатата сезона беше најдобар стрелец со 27 голови. Инаку во последните две сезони за Салцбург овој играч постигнал 61 гол на 96 натпревари во сите натпреварувања.

Инаку тој беше цел и на Ливерпул, Челзи, Лајпциг, Рома, меѓутоа челниците одлучиле да го продадат во Лестер.

ПретходноСелекторот гледа во “списокот“: Со кого против Холандија? (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноОФИЦИЈАЛНО: Димитријевиќ е нов кошаркар на Валенсија