Луд натпревар во Минхен меѓу Германија и Португалија, во кој по првиот дел Германија води со 2:1, а можеше да води и со 5:1.
Откако имаа три прилики и еден поништен, Португалија со првото минување на центарот дојде до водство преку Роналдо во 15. минута.
Сепак, во рок од две минути Диаш и Гереиро си постигнаа автоголови, и Германија поведе, а до крајот Германците имаа уште најмалку две зрели шанси да го „дотолчат“ противникот, но не реализираа.