Меси асистира, Гуидо погоди, Аргентина го победи Уругвај (видео)

324

Репрезентацијата на Аргентина ја забележа првата победа во групата А од Копа Америка откако славеше над Уругвај со 1:0. По стартните 1:1 против Чиле, Меси и другарите успеаа да го победат големиот ривал Уругвај со гол во првото полувреме.

Во 13. минута Меси одработи акција, нафрли од левата страна, а дефанзивниот играч за врска Гуидо Родригез со удар со глава ја смести топката во голот на Муслера. Тоа е негов прв гол во дресот на „Гаучосите“ во 10-тиот настап.

Во оваа група Чиле ја совлада Боливија 1:0 гол на Бререто во 10 минута.

Аргентина и Чиле се на чело на табелата со по четири бода и идентична гол-разлика (2:1).

ФОТО: Официјален Твитер профил на Копа Америка 2021

ПретходноКлиперси победија и покрај негатива од 25 поени и првпат ќе играат во финале
СледноТака се станува ѕвездa – Прв меч и веднаш најдобар на терен!