Муслиу: Ова е ЕУРО ние имаме обврска да ја претставиме Македонија во најдобро светло

254

Еден од оние кои се со полна минутажа како на претходните мечеви така и на ова ЕУРО во дресот на Македонија е Висар Муслиу. Дефанзивецот е стандарден и тој на последниот меч од групната фаза на овој турнир против Холандија в понеделник од  18 00 часот на Амстердам Арена смета дека Македонија не смее да си дозволи ништо помалку од најдоброто во моментов.

„Ние на овој турнир ја претставуваме Македонија и како такви мора да бидеме на највисоком можно ниво на секој меч. Иако посакувавме триумф и бодови и на првите два меча сепак, тоа не се случи. Но, ние мора да бидеме максимално мотивирани и за овој трет меч и да атакуваме на триумф. Нема што да говориме премногу за Холандија се знае со какви квалитети располага. Но ние со тимска игра и максимално залагање мислам дека можеме да дојдеме до позитивен резултат“ – изјави Муслиу.

ПретходноЕлмас: Време е со триумф да ја израдуваме нацијата
СледноСтоле Димитриевски статистички е број еден на ЕУРО по две одиграни кола